Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

MOЙ - нова кооперативна dm макра

Ви претставуваме уште еден новитет на нашите полици! Станува збор за новата кооперативна ексклузивна dm марка - создадена во соработка со германскиот топ модел и инфлуенсерка Stefanie Giesinger.
 


 

MOЙ by Stefanie Giesinger претставува спој на нега, искуство и знаење сплотени во производи за нега на лице! Хидратантни и со лесна текстура, новите производи ќе се прилагодат совршено во вашата секодневна рутина на нега и чистење на лицето и ќе ви овозможат посакуван GLOW ефект.
 

Производите од брендот MOЙ нудат високо квалитетни вегански состојки, со кои посебно се истакнува нивната ексклузивност!


 


 

MOЙ гел за чистење лице, 150 мл
Редовна цена: 379 мкд

 

Лесно пенлив гел за чистење лице кој ќе се погрижи за израмнет, здрав и сјаен тен. Темелно ќе ги отстрани несаканите остатоци од вашата кожа како талог, шминка, нечистотии и мртви клетки, без притоа да ја исуши кожата. Посебната хидратантна формула со Бетаин ја зацврстува заштитната бариера на кожата на лицето, додека цинкот му дава посебен сјај на вашиот тен.


 

Совршена хидратација за чувствителна кожа! 

 

MOЙ GLOW дневен крем за лице, 50 мл
Редовна цена: 495 мкд

 

Новиот крем за лице ќе ви даде посебно блескав и сјаен тен. Свиленкастото масло од ориз ќе ја поттикне хидратантната функција на клетките на кожата и ќе ја зацврсти заштитната бариера. Дуо-хијалуронската киселина, која е во состав на овој крем ќе го освежи вашиот тен и ќе ги пополни првите бори на вашето лице одвнатре.