Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Нега после сончање

Изложувањето на сонце во текот на летниот период може да предизвика оштетување на влакното на нашата коса - нешто што секако сакаме да го избегнеме по секоја цена. Но веруваме дека никој не би се откажал од уживањето на сонце од оваа причина. Затоа споделуваме неколку совети со Вас, како, и покрај уживањето на сонце, нашата коса да остане неоштетена.

 

Пред сончање: 

Нанесете спреј за заштита на коса од сонце пред да почнете да се сончате. Екстра доза хидратација ќе му даде дополнителна еластичност на Вашето влакно, а истовремено ќе го заштити од избелување. Светлата коса е имено и поподложна на оштетување бидејќи сончевите зрачења многу побрзо ги уништуваат пигментите.

 

Ви препорачуваме: 

 

Balea PROFESSIONAL
спреј за заштита од сонце, 150 мл
Редовна цена: 149 мкд
 


Исто така, за време на сончањето Ви препорачуваме:
 

- носете шапка или покријте ја косата со влажна крпа;
Шапките не се само моден асесоар за на плажа, туку и одлична заштита за косата. Покрај тоа, носењето шапка или крпа на главата ќе го спречат можните изгореници на скалпот.
- не користете стегачи за коса со метални додатоци;
металните делови на стегачите многу лесно се загреваат и може да доведат до трајни изгореници на Вашата коса.

 

Нега по сончање: 

Темелно измивање на косата е вистински Must по сончањето, посебно ако истото било пропратено со разладување во солена вода или базен. Солта и хлорот се вистински непријатели на Вашата коса. Затоа брзо под туш и брзо миење со обична вода. Секако не го заборавајте верниот пријател на Вашата коса од Balea - After Sun шампонот и регенераторот, кој темелно ќе ги отстрани сите остатоци од песок, хлор и сол од Вашата коса, а притоа ќе ѝ пружи нов сјај и елан.


 

Balea PROFESSIONAL AFTER SUN
2 во 1 шампон и регенератор, 300 мл
Редовна цена: 139 мкд
 

И секако не заборавајте...користете After Sun третман за целосно враќање на снагата и еластичноста на косата. Полесно расчешлување, убав сјај и враќање на цврстината на влакното се само некои од придобивките од употребата на третманот на коса. Ви препорачуваме да го користите 3 пати неделно. На крај уште еден совет: оставете ја косата сама да се исуши, наместо да ја сушите со фен.


 

Balea PROFESSIONAL AFTER SUN
третман за коса, 20 мл
Редовна цена: 69 мкд

 

Нега на тело по сончање:
Покрај негата на косата, никако не смее да биде изоставена и негата на телото после сончање. Правилната нега на кожата после сончањето е  исклучително важна за долготрајно задржувањето на бојата, одржување на здрав и негуван тен, а пред се спречување на иритации и пресушување. Со таа цел треба да избегнувате туширање  со жешка вода и пилинзи. Редовно премачкување со хидратантни средства не смее никако да биде изоставено. За таа цел ние ви нудиме широка палета на производи за нега на кожа и лице после сончањето. 

Веднаш по враќањето од плажа следува туширање, со кое ќе ги отстраните остатоците од средствата за сончање, песок, но и ќе ја освежите кожата. Вистинската помош под тушот доаѓа од Balea After Sun гелот за туширање.


 

Balea After Sun гел за туширање, 300 мл 

Редовна цена: 69 мкд